Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОТКРИЕНА ИЗМАМА: Пратеничка плаќала на девојки за да полагаат испити за неа

(ВИДЕО) ОТКРИЕНА ИЗМАМА: Пратеничка плаќала на девојки за да полагаат испити за неа

Пратеничка праќала девојки да полагаат испити за неа на факултет, за што им плаќала и откако е откриена, не се знае дали ќе остане во Парламент. 

Се работи за Тамана Нусрат од Бангладеш, и таа е избркана од факултет откако  ангажирала девојки за да ги полагаат испитите наместо неа.

Нусрат која е од владејачката партија Авами лига пронашла најмалку осум студентки кои личат на неа и им платила да полагаат испити. 

Девојките за неа положиле 13 испити.

Меѓутоа, сето тоа се открило кога локалната ТВ станица влегла во училницата каде што студентите ги полагале тестовите и се соочиле со девојката која се претставувала како Нусрет, со што измамата станала ТВ скандал.

Нусрат, која влезе во парламентот како пратеник лани, студирала уметност на факултетот.


Слично

Поврзани вести