(ВИДЕО) ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ: Човекот што го уби Осама бин Ладен не се плаши од одмазда
Името на американскиот маринец кој во 2011 година го уби Осама бин Ладен е објавено и пред каналот Фокс да го објави интервјуто со него. Станува збор за 38-годишниот Роб О’Нил, повеќепати одликуван ветерен, кој по 16 години работен стаж во американската војска, неодамна стана мотивациски говорник.
Неговите задачи во војската вклучувале следење и координација на операциите, а следел талибански лидери во Авганистан и цели во Ирак.
Неговиот татко, Том О’Нил го потврди идентитетот на неговиот син за Дејли Мејл. „Луѓето постојано се прашуваат дали сме загрижени ако ИСИЛ дојде по нас, затоа што Роб излегува во јавност. Јас велам дека ќе нацртам голема мета на мојата влезна врата и ќе ги повикам да дојдат“, рекол Том.
По убиството на Осама бин Ладен на 2 мај 2011 година, идентитетот на Роб се чуваше во најстрога тајност заради негова сигурност. Тој беше познат под прекарот „Стрелецот“. Во јавност одлучи да излезе сега наводно затоа што изгубил дел од воените привилегии кога ги напуштил маринците по 16 години служба, наместо да отслужи цели 20 години. А во текот на тие 16 години, одликуван е 52 пати.
Со интервју за Фокс Њус, кое треба да биде објавено на 11 и 12 ноември, и во кое ќе ги опише настаните од мај 2011 година, Роб го крши кодексот за тајност на американските маринци. И претходно дал интервју за магазинот „Ескваер“, но без да го објави идентитетот, туку под псевдонимот „Стрелец“.
Неговата одлука да проговори за убиството на најпознатиот терорист на светот ги разлути воените заповедници, кои им напишаа писмо на сите маринци за да ги потсетат на нивното ветување дека ќе избегнуваат публицитет. Тие порачале дека маринците не се тука за да ја рекламираат својата работа и да бараат признание за своите акции.
Иако О’Нил ги напушти маринците и стана мотивациски говорник, во очите на воените структури, тоа не го ослободува од заклетвата.
http://www.youtube.com/watch?v=dJYdTobSTsY
Слично
