Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Откриен е нов вид на човек во Африка

(ВИДЕО) Откриен е нов вид на човек во Африка
Научниците пронајдоа фосили од човек од непознат вид, во длабочините на една пештера во јужна Африка. Тие пронашле 1 500 коски и 140 заби од најмалку 15 скелети од нов вид на човек. Интересен е фактот што бројот на  коски и нивната локација покажуваат дека луѓето намерно биле оставени во пештерата, што е однесување што претходно не е забележано кај примитивните луѓе. Карлицата и рамената личат на „Australopithecus“ кој се појавил во Африка пред 4 милиони години и се смета за предок на „Homo“, а стапалата наликуваат на нашиот вид, кој се појави пред 200 илјади години. Черепот и мозокот им е помал, а целата анатомија сугерира дека ова е еден од најраните членови на нашиот род. Овој нов тип на човек, научниците го нарекоа ,,Homo naledi”. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=oxgnlSbYLSc[/embed]
Слично

Поврзани вести