(ВИДЕО) ОСВОЈУВАЊЕ НА МАРС: НАСА тестираше „летечка чинија“
Американската вселенска агенција НАСА објави дека од хавајскиот остров Кауаи лансирала балон со експериментална летечка чинија, кој носи технологија за слетување на Марс.
Лансирањето неколкупати било одлагано заради лошо време и силен ветер. На балонот со големина на спортски стадион му биле потребни два и пол часа да се искачи на висина од 36.576 метри над Тихиот Океан.
НАСА уште од седумдесеттите години на минатиот век го употребува истиот тип на падобран за забавување на вселенските летала. Со оглед на тоа што на Марс има намера да испраќа поголеми летала, ќе и биде потребен поголем и посилен балон.
Токму оваа технологија била испробана вчера на големи височини во атмосферата на Земјата, бидејќи тука условите се најслични со оние на Марс, соопшти НАСА.
http://www.youtube.com/watch?v=R0_rhvrdJVU
Слично
