Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Осум илјади руски војници повторно на границата со Украина

(ВИДЕО) Осум илјади руски војници повторно на границата со Украина
Повеќе од осум илјади руски војници започнаа нова воен вежба во близина на границата со Украина, дополнително подгревајќи ги тензиите во пресрет на референдумот за отцепување на Крим закажан за в недела. Рускиот министер за одбрана потврди дека во вежбите ќе учестува и тешка артилерија - ракетни фрлачи и противтенковско оружје. Рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанок на Советот за безбедност на Русија утврдил дека на Крим се одвива „украинска внатрешна криза која не се разгорела по руска вина“, но дека „Русија и вака и така е вмешана во неа“. Значителен воен арсенал околу Украина концентрира Москва, но и НАТО и САД. Руското Министерство за одбрана праќа воени авиони во Белорусија, а САД во Полска. http://www.youtube.com/watch?v=qr9nlNvAAgM http://www.youtube.com/watch?v=wXDhVQOO4rE ДОКАЖУВАЊЕ: САД и Русија трупаат воен арсенал околу Украина
Слично

Поврзани вести