(ВИДЕО) Основците на Крим учат да ракуваат со пушки и да фрлаат гранати
Основците на Крим учат да ракуваат со пушки, им се мери времето за расклопување на калашникови, вежбаат и пешадиска обука. Руската новинска агенција РИА Новости прикажа снимки од обуката. Децата прво позираат со пушки, а потоа демонстрираат борбени вештини.
Во декември лани е објавено дека руското Министерство за образование одобрило училишна програма со лекции за војната во Украина, како и учење како да пукаат од автоматска пушка калашников и да фрлаат граната.
Русија лани на 24 февруари ја нападна Украина, а сега се водат жестоки борби во Бахмут. Двете страни имаат големи загуби, според медиумите, но Украина не се откажува од одбрана на Бахмут.
фото: Принтскрин
Російське пропагандистське видання "РИА новости" опублікувало відео нібито зі школи в тимчасово окупованому Криму, на якому загарбники вчать молодших і середніх школярів збирати автомат, носити камуфльовану форму і вести рукопашний бій pic.twitter.com/b9h5dbywzi
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) March 15, 2023
