(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, ЗАТВОРЕНИ НАФТЕНИ ПРИСТАНИШТА: Бурата Даниел ја погоди Либија каде загинаа 25 луѓе
Страшно невреме ја зафати Либија, каде има 25 жртви, а прогласена е вонредна состојба и полициски час.
Голема медитеранска бура синоќа и утринава ја зафати источна Либија. Oштетени се домови и патишта. Седум припадници на либиската национална армија се водат како исчезнати, потврди портпаролот на ЛНА, Ахмад Месмари.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат луѓе „заглавени“ на покривите на своите возила обидувајќи се да добијат помош откога бурата Даниел ги погоди градовите Бенгази, Суза, АлБ-ајда, Ал-Марџ и Дерна.
„Спиевме и кога се разбудивме, видовме вода околу куќата. Внатре сме и се обидуваме да излеземе“, изјави утринава телефонски за „Ројтерс“ жителот на Дерна, Ахмед Мохамед.
Четирите големи нафтени пристаништа во Либија, Рас Лануф, Зуеитина, Брега и Ес Сидра, се затворени од саботата вечерта.
Премиерот на привремената влада во Триполи, Абдулхамид Дбеиба, во неделата изјави дека им наредил на сите државни агенции веднаш да се справат со штетите и поплавите во источните градови.
Обединетите нации во Либија внимателно ја следат бурата и „ќе укажат итна помош за поддршка на напорите за локална и национална реакција“.
Бурата Даниел претходно ја погоди Грција. Летово имаше невреме и поплави во повеќе европски држави.Our hearts are with the people of Libya .. May God assist them. #Libya #إعصار_دانيال #انقذوا_الشرق_الليبي #ليبيا pic.twitter.com/tzYqAdH5ZR
— Algeria Mix II (@AlgMiix) September 11, 2023
