Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНА Е ГАСОВОДНАТА СТАНИЦА ВО СУЏА: Ова би попречило транзит на руски гас кон Европа

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНА Е ГАСОВОДНАТА СТАНИЦА ВО СУЏА: Ова би попречило транзит на руски гас кон Европа

Оштетена е гасоводната станица во Суџа во Русија. 

Украинската aрмија на Телеграм објави снимка и соопшти дека е извршен напад врз неодамна затворената пумпа за гасоводот и мерната станица во градот Суџа. 

Гасоводот во Суџа Русите го користеа за испорака на руски гас во Европа преку Украина.

„Медиумите известуваат за успешен напад на системот за транспорт на гас во Суџа, кој непријателот го користел за испорака на гас во Европа“, се вели во објавата покрај видеото.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека „силите на рускиот претседател Владимир Путин извршија артилериски напад врз мерна станица за гас во рускиот регион Курск за да ја обвинат Украина за тоа“. Украина во јануари престана да врши испорака на руски гас кон Европа преку гасоводот во Суџа.  Војната трае повеќе од три години. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 


Слично

Поврзани вести