(ВИДЕО) Орбан носеше шал со „Голема Унгарија“ - чии територии се во прашање?
Унгарија предизвика провокација. Премиерот Виктор Орбан на фудбалски натпревар носеше шал со картата на „Голема Унгарија“.
По бројните реакции од Европа, тој објави кратка порака на Фејсбук.
„Фудбалот не е политика. Да не гледаме нешто што го нема. Унгарската репрезентација е тим на сите Унгарци, без разлика каде живеат“, рече тој.
Весникот „Украинска правда“ пишува дека Орбан прикажува карта на „Голема Унгарија“ вклучувајќи територии што сега се дел од соседните држави Австрија, Словачка, Романија, Хрватска, Србија и Украина.
„Промовирањето идеи за ревизионизам во Унгарија не придонесува за развојот на украинско-унгарските односи и не е во согласност со принципите на европската политика“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското министерство Олег Николенко.
Украина бара извинување и ќе го повика унгарскиот амбасадор. Двете држави се во судир последниве години околу, како што вели Унгарија, поради ограничувањето на правото на етничките Унгарци кои живеат во Украина да го користат својот мајчин јазик, откако Украина во 2017 година усвои закон за ограничување на употребата на јазиците на малцинствата во училиштата.