Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОРБАН МУ СЕ ЖАЛИ НА ЧАК НОРИС: „Ме мразат повеќе од Трамп“

(ВИДЕО) ОРБАН МУ СЕ ЖАЛИ НА ЧАК НОРИС: „Ме мразат повеќе од Трамп“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со американскиот актер Чак Норис во Унгарија, на кој му се претставил како „уличен борец“ и му се пожалил дека либералите го мразат повеќе од претседателот на САД Доналд Трамп.

На видеото објавено на Фјесбук страницата на Виктор Орбан , Орбан говори за своето скромно растење во мало село додека со Норис се возеле да ја набљудуваат операцијата за борба против тероризам.

-Знаеш , во суштина јас сум уличен борец. Не потекнувам од елита. Доаѓам од мало село, 40 километри одовде“, му раскажува Орбан на американскиот актер, познат по улогите во акционите филмови.


Унгарскиот премиер истакнал дека 90 отсто од коментарите за него се негативни.

-Либералите ме мрзат-рекол Орбан.

-Како Трамп?-прашал Норис, на што Орбан одговорил: -Малку повеќе од тоа-.

Чак Норис престојува во Унгарија во рамки на добротворната иницијатива, а портпаролот на Орбан рекол дека тој е во Унгарија за да одржи презентации.


Слично

Поврзани вести