Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОПАСНО ПРЕСРЕТНУВАЊЕ: Што направија руски и американски авион?

(ВИДЕО) ОПАСНО ПРЕСРЕТНУВАЊЕ: Што направија руски и американски авион?

Се случи многу опасно пресретнување на руски ловец и американски шпионски авион на Црното Море. 

Американската војска ја објави снимката која покажува наводно небезбедно пресретнување на американски авион од руски ловец. 

„5 октомври 2018 година, американскиот авион ‘локид ЕП-3’ летал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море кога го пресретнал руски ‘су-27’. Оваа интеракција беше небезбедна бидејќи ‘су-27’ прелетал со голема брзина непосредно пред авионот (САД) ризикувајќи ги животите на пилотите и на екипажот“, стои во соопштението на интернет-страницата на воената морнарица на САД.

Според американската војска, „су-27“ извел уште едно прелетување во близина на „ЕП-3“.

Екипажот на „ЕП-3“ се пожалил на турбуленции при пресретнувањето. Должината на пресретнувачкиот лет била проближно 25 минути. Не се знае колку блиску поминал рускиот авион, ниту дали бил вооружен.


Слично

Поврзани вести