Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Омилениот град на туристите под вода

(ВИДЕО+ФОТО) Омилениот град на туристите под вода

Венеција, омилениот град за туристите се соочува со потоп. 

Попладнево 70% од историскиот дел на градот е под вода. 


Плоштадот Свети Марко е евакуиран поради водата. 

Нивото на морето денеска се искачи на 149 сантиметри над вообичаеното поради што се поплавени улици и плоштади. Вакво високо ниво на водата во каналите последен пат е забележано во 2012 година.


Метеоролозите најавија нов раст на нивото на водата, кој веќе вечерва може да достигне 160 сантиметри над вообичаеното.

Инаку, вчера, и покрај поплавите, во Венеција се одржа маратон.

Се очекуваат поплави какво што немало 40 години. 

Се појавија видеа, и фотографии на кои се гледа дека водата им е до струк на луѓето. 

Водениот сообраќај е запрен поради поплавата. 

фото Ројтерс


Слично

Поврзани вести