(ВИДЕО) ОЛУЈАТА БЕЛА БЕСНЕЕ ВО ФРАНЦИЈА И БРИТАНИЈА - илјадници луѓе без струја
Невремето Бела ги погоди Велика Британија и северна Франција, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.
Околу 12.000 куќи на северот на Франција во моментов се без електрична енергија, а најпогодени подрачја се крајбрежните региони Бретања и Нормандија, објави новинската агенција АФП, повикувајќи се на енергетската компанија Енедис.
Метеоролошката служба Метео Франс издаде предупредување за силни налети на ветрови и налетни бранови на брегот на Атлантикот, а Ламанш повика на претпазливост поради силните ветрови во морскиот канал помеѓу Франција и Англија.
Бела претходно погоди значителен дел од британските острови, носејќи силни дождови и налети на ветер до 112 километри на час.
Сè уште има повеќе од 100 предупредувања за драстично зголемување на водостојот низ целата земја.
Поплавените куќи се наоѓаат во областите Нортемптоншир и Бедфордшир на истокот на државата.
Властите на југо-истокот на Англија претходно советуваа повеќе од 1.300 луѓе да ги напуштат своите домови за време на сезоната на празници.
Во Хрватска се очекува невремето да стигне и во нивната држава.
фото и видео Индекс.хр
