Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Огромна експлозија во хемиска фабрика во Германија, еден работник е исчезнат

(ВИДЕО) Огромна експлозија во хемиска фабрика во Германија, еден работник е исчезнат
Неколку згради се потешко оштетени во експлозијата во фабриката за хемиски препарати во северниот германски град  Ритерхуде. Еден работник во фабриката се води како исчезнат, а уште еден е тешко повреден со изгореници од трет степен. Властите ги советуваа жителите на околните згради да ги напуштат своите домови заради лична безбедност. Засега не е детектирано зголемено количество на опасни хемикалии во воздухот во близина на фабриката „Органо Флуид“. Причините за експлозијата се утврдуваат. Ритерхуде кој има 15 илјади жители, се наоѓа североисточно од Бремен. http://www.youtube.com/watch?v=KqatnRwK73g
Слично

Поврзани вести