Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Огромен пожар се заканува да проголта цел град во Чиле!

(ВИДЕО) Огромен пожар се заканува да проголта цел град во Чиле!
Најмалку 3.000 лица се евакуирани, а 500 куќи се целосно уништени во пожарот што од синоќа беснее во чилеанскиот град Валпараисо. Пожарот избувнал во блиската шума, но излегол од контрола по што зафатил и неколку делови од градот, а се заканува да го зафати и централното градско подрачје. Чилеанските власти го активираа планот за случај на катастрофа, одобрувајќи и оружените сили да се вклучат во евакуација на населението и борба со огнената стихија. „Ова е најголема трагедија која му се случила на Валпараисо. Стравуваме огнот да не се прошири и во центарот на градот“, изјавил заповедникот Рикардо Браво. Чилеанскиот град Валпараисо во 2004 година беше прогласен за „светско наследство“ од страна на УНЕСКО и секоја година го посетуваат илјадници туристи од Чиле и од странство. http://www.youtube.com/watch?v=OQqOHx2Md_A
Слично

Поврзани вести