Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ОДРОН: Железничката врска Италија-Франција е затворена

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ОДРОН: Железничката врска Италија-Франција е затворена

Поради големо лизгање на земјиштето, железничката врска Италија-Франција е затворена.

Меѓународните железнички врски меѓу двете држави преку тунелот Фрежус се прекинати „на неодредено време“ поради големото лизгање на земјиштето во францускиот регион Савој кој граничи со Пиемонт, објави денеска италијанско-француската меѓувладина комисија за железничката линија Торино-Лион. Францускиот железнички оператор Снцф ги запрел сите возови на нивните појдовни станици и дека може да поминат денови, а можеби и седмици пред да ги обноват услугите. Одронот се случил во долината Мориен во неделата попладне, јавува италијанската новинска агенција АНСА. На видеото се гледа огромен облак од камења и прашина, кој преставува закана за возилата. Во Италија и Шпанија имаше невреме. 


Слично

Поврзани вести