(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО – РУСИТЕ ГО УБИЛЕ ЛИДЕРОТ НА ЏИХАДИСТИТЕ: Путиновата авиација го усмртила генералот кој го собори рускиот авион!
Во одмазда руските и сириските сили во Латакија го убиле исламистичкиот генерал кој заедно со Турција го кординирале соборувањето на рускиот борбен авион „Су-24“.
Денеска и службено е потврдено дека бригадниот генерал Рашид Бакдаш, кој од почетокот на сириската војна дезертирал од Сириската Арапска Војска и се придружил на исламистичките милитанти во Латакија, е убиен во жестоките бомбардирања на планината Џабал Туркман, по што веднаш потоа на тоа подрачје влегле силите на сириската војска и Хезболах и ги потиснале исламистите на Ал-Насра Фронтот и милитантите од „Туркестанска исламистичка група“.
Веста прво ја објави порталот „Waha Report“, а покасно и на Твитер е потврдено од страна на таканаречената „Слободна сириска војска“ и на исламистичката страница „Ahrar Al-Mgheer“ која наведува дека бригадниот генерал Рашид Бакдаш „умрел како маченик во турската болница“ како последица од офанзивните руски возушни напади и копнени сили на сирија во Латакија.
Како што пренесуваат медиумите, според достапните информации, генералот Багдаш заедно со милитантите „Туркестанска исламистичка група“ од сириската страна на границата, го кординирал соборувањето на рускиот воен авион Су-24.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/mp9-7ncYcK8[/embed]