Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Официјално: Боингот во Украина е соборен со ракета, ама кој е крив?

(ВИДЕО) Официјално: Боингот во Украина е соборен со ракета, ама кој е крив?

Авионот MH17 на малезиската авиокомпанија е соборен од ракета произведена во Русија „BUK“, соопшти пред неколку минути Холандскиот совет за безбедност (OVV), пренесе „Ројтерс“. Боингот се урна во јули 2014 година во источна Украина. Загинаа сите 298 патници, од кои повеќето - Холанѓани.

Долгоочекуваниот извештај на Советот не наведува кој ја истрелал ракетата, туку само непосредната причина за трагедијата.

Западните влади и експерти сметаат дека ракетата е испукана од поддржувачите на Москва , бунтовници во источна Украина, кои го помешале малезискиот Боинг 777 со украински воен авион.

Министерството за одбрана на Русија тврди дека причините се различни, вклучувајќи го пукањето од украински авион или од украинската армија. Денес рускиот производител на анти-авионски комплекси „BUK“ „Алмаз -Антеи“ објави дека авионот е погоден со ракета, истрелана од област под контрола на украинските воени сили.

Властите во Москва неколку пати изјавија дека истрагата во Холандија е намерна и со контроверзни методи. Пропаднаа и обидите на Русија за формирање на трибунал преку резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и на меѓународниот трибунал за судење на виновниците. Холандија се откажа од обидите на меѓународната истражувачка група во оваа насока и ќе бараат алтернативни варијанти, објави во понеделникот амбасадорот во Москва, Рон ван Дарт.

Обвинителството не може да подигне обвинение, додека не е јасно пред чија надлежност ќе биде претставено делото. Обвинителот Фред Вестербеке вели дека нема да се откаже, додека одговорните за соборувањето на MH17 не бидат изведени пред судот.Виновниците за несреќата треба да ги именува Меѓународната истражна група (Joint Investigation Team или JIT) која се состои од експерти од Австралија, Белгија, Малезија , Холандија и Украина по иницијатива на Агенцијата на Европската унија за координирање на судски и обвинителски активност (Eurojust).

Реконструкција на моментот на соборување на МХ17

Компанија Алмаз-Антеј го реконструирала моментот кога ракета го погоди малезискиот авион на летот МХ17 кој паднал во источна Украина.

Произведувач на ракетниот систем BUK за кој се сомнева дека е причина на падот на авионот налет МХ 17 ги објави резултатите од својата истрага за трагедијата, обвинувајќи ја Украина.

На конференцијата за медиуи е претставен реконструкција на настанот, а во триминутно видео наведено е дека резултатите од истрагата велат дека МХ17 е соборен од територита која ја контролирале украински сили.

Холандските медиуми, пак, повикувајќи се на меѓународни истражувачи, тврдат дека ракетата со која е погоден малезискиот авион е исфрлена од територија на проруските сили.

Погледнете ја реконструкцијата:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8DmraSOdTYk[/embed]
Слично

Поврзани вести