Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Авионот „А321“ се распаднал во воздух 

(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Авионот „А321“ се распаднал во воздух 

По претрагата на лице местото на несреќата извршниот директор во Синајскиот Полуостров на меѓудржавниот авијациски комитет (МАК) на Русија, Виктор Сороченко изјавил дека авионот се распаднал во воздух. Тоа е радикално спротивен заклучок на првата верзија, која гласеше дека „А321“ се урнал во карпа.

Виктор Сороченко сепак изјавил: „Рано е да се зборува за заклучоци. Разурнувањето на авионот се случило во воздухот и сите фрагменти му се расфрлани на голема површина“.

Од местото на несреќата веќе е испратена високодетална вселенска слика, на која се гледаат остатоците на авионот. Сликата е во Министерството за вонредни ситуации (МЧС).

„Со цел спроведување на спасувачките активности на местото на несреќата е добиена високодетална слика. На неа на површина од 16 км. се гледаат јасно урнатините на авионот“, објаснил в.д. шеф на центарот за управување со кризни ситуации во „МЧС“, Владимир Смирнов.

Првиот авион на „МЧС“ со телатата на загинатите од авионската несреќа ќе пристигне вечерва во 20 часот по локално време во Санкт Петербург.

Препознавањето на телата ќе се изврши во крематориум на Плоштадот „Шафировски“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ewzsxa1zDQ4[/embed]
Слично

Поврзани вести