Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОДЕТЕ СИ ДОМА: Жители на Барселона со пиштоли на вода прскаа туристи

(ВИДЕО) ОДЕТЕ СИ ДОМА: Жители на Барселона со пиштоли на вода прскаа туристи

Жителите на шпанскиот град Барселона викендов излегоа да протестираат против масовниот туризам и ги прскаа туристите со пиштоли на вода. 

Tие се жалат поради високите цени на кириите. Жителите реагираат дека кириите во споредба со лани поскапеле за 18 отсто поради масовниот туризам.Повеќе медиуми објавија дека илјадници демонстранти, вклучително и повеќе од 150 организации, маршираа низ Барселона.

Се гледаат демонстранти кои носат натписи „Барселона не се продава“ и „Туристи, одете си дома“. Снимките до кои дојде Би-Би-Си покажуваат како демонстрантите ги прскаат туристите со водени пиштоли и извикуваат „Одете си дома!“

И во Венеција имаше поплаки за масовниот туризам. 


Слично

Поврзани вести