Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОДЕКНАЛЕ ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ: Украинците погодиле два руски брода

(ВИДЕО) ОДЕКНАЛЕ ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ: Украинците погодиле два руски брода

Украинците погодиле два брода на Крим, а Русите велат дека само се оштетени. 

Николај Лукашенко, рускиот министер за транспорт на Крим, изјави дека два ферибота се оштетени од ракетни шрапнели.  Русија тврди дека соборила неколку ракети со долг дострел АТАКМС испратени во Украина од Соединетите Американски Држави(САД). Рускиот независен медиум Астра објави дека во градот се слушнале „околу 20 експлозии“.

Руското Министерство за одбрана објави дека нејзината воздушна одбрана соборила осум ракети АТАКМС во текот на ноќта над Азовското Море, како и осум беспилотни летала над Црното Море во близина на Крим. Украина објави дека е погоден бродски магацин.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украина редовно гаѓа цели во Русија, а често гаѓа и цели на Крим. Украина досега уништи повеќе руски бродови. 

фото: икс/принтскрин


Слично

Поврзани вести