Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците пак го нападнаа Грозни со дронови

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците пак го нападнаа Грозни со дронови

Украински дронови повторно го нападнаа чеченскиот главен град Грозни, каде одекнаа четири експлозии. 

Очевидци раскажуваат дека слушнале звуци од експлозии околу 7.45 часот по локално и по московско време, наведувајќи дека пред детонациите во блиското село се слушнале звуци карактеристични за беспилотни летала (UAVs), пренесува руска „Газета“.


Потврдено е и дека локалната полиција пукала кон дронови кои биле програмирани да ја напаѓаат полициската станица.

Претходно, имаше и други напади со дронови во истиот град. Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров се закани дека ќе им се одмазди на Украинците, односно дека за 4 луѓе, ќе убијат 400 украински војници.  Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година и се очекува дека е можно во 2025 година, војната да заврши. 


Слично

Поврзани вести