(ВИДЕО) Од Вселената се гледа дека чад се протега од Европа до Нов Зеланд
Пожарите и чадот во Австралија се гледаат и од сателитите во вселената, иако тие се оддалечени илјадници километри од Земјата.
Може да се види дека чадот се протега од Европа до Нов Зеланд.
Овие пожари досега однесоа 18 животи.
Морнарицата евакуираше илјада туристи и жители кои беа во уништениот град Малакота на брегот на Викторија. Со два бродa се пренесени до Вестерн Порт.
Бесни жители чијшто град беше уништен од пожари, вчера беа вознемирени од посетата на австралискиот премиер Скот Морисон. Тие го обвинија дека ги напуштил со тоа што си заминал на одмор во Хаваи за време на кризата.
Слично
