Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Од ураган се засолнија во хотел, но еве што ги снајде

(ВИДЕО) Од ураган се засолнија во хотел, но еве што ги снајде

Многу луѓе од ураганот Мајкл побарале засолниште во хотелот „Кантри Ин“, но ветрот со брзина над 200 км на час започнал да го корне покривот на хотелот.

Потоа под налет на ураганот, делови летаа на сите страни, паѓаа врз автомобилите и камионите на паркингот, а водата влезе во приземјето.

Неколку луѓе почувствувале мирис на гас, а тој се појавил затоа што покривот при рушењето ги оштетил и цевките за гас. 

Меѓу оние кои се скриле во хотелот бил и Џејкоб Мерит, кој веќе има слично искуство бидејќи го преживеал ураганот „Катрина“ во 2005-та година.

„Не сум сигурен дека мојата куќа и натаму постои. Беше веднаш покрај плажата во заливот“- раскажува тој за американските медиуми. 

Заедно со уште еден маж тргнале да го исклучат гасот кога се смирил ветрот. 

Мексико Бич, град со околу илјада жители на Флорида, е целосно збришан, а огромни штети се забележани и во гратчето Лонг. 

„Нашите животи се завршени. Сите продавници, сите ресторани, сѐ е уништено. Ништо не е останато“, изјави жител на Мексико Бич.

Ураганот Мајкл кој ја погоди Флорида остави пустош зад себе. Ова станува трет најсилен ураган кој некогаш е забележан во САД и најсилен ураган кој ја погоди Флорида во последните 100 години. Најголема штета е нанесена во градот Панама, Основното училиште во Џинкс кое е  толку многу  уништено што Брет Адаир можеше со својот дрон да влета низ уништената спортска сала на училиштето. Бројот на загинати во разорниот ураган  порасна на 12.


Слично

Поврзани вести