(ВИДЕО) Од САД за 2015 – 150 тенкови во ЕУ
До крајот на следната година Вашингтон планира да размести околу 150 тенкови и оклопни возила во Европа, пишува РТ.
Рускиот портал се повикува на зборовите на воен претставник на САД генерал Бена Хоџ кој истакнал дека таквата одлука е донесена пред почетокот на украинската криза и влошувањето на односите на Русија и Соединетите Американски држави.
Иако засега не е објавено официјално соопштение за разместување на американските трупи, се претпоставува дека тенковите со знамето на САД би можеле да се најдат во Полска, Романија или во балтичките земји.
„До крајот на 2015 година ќе имаме тешка бригада со полна опрема, а ќе ја сочинуваат три баталјони, артилериска команда, инжиниери ...Очекуваме да стационираме околу 150 , можеби 160 тенкови“, рекол Хоџ.
Американскиот генерал исто така верува дека судирите во Украина ќе продолжат, но наведуваат дека ваквиот план на американската војска е донесен многу пред почетокот на кризата во Украина, која трае речиси година дена.
Сепак, овој потег Москва сигурно ќе го сфати како провокација, посебно после промената на воената доктрина, со која се дефинирани 28 закани од североатланската страна.
Одреден број возила на САД веќе стигнале во Европа, а Хоџ навел дека барем една третина ќе биде стационирана во Германија.
