Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО ОД ПЛАЖА ВО ЕГИПЕТ ГИ ЗАПРЕПАСТИ ЛУЃЕТО: „Подобро би останал дома“

ВИДЕО ОД ПЛАЖА ВО ЕГИПЕТ ГИ ЗАПРЕПАСТИ ЛУЃЕТО: „Подобро би останал дома“

На ТИКТОК се прошири видео од Египет, кое ги запрепасти луѓето. Имено, објавено е видео од плажа во градот Александрија каде човек е на човек - буквално.

Воопшто не можете да го видите песокот на плажата поради огромниот број на чадори кои се наредени еден до друг. Исто така, има многу луѓе и деца во плиткото. Видеото има повеќе од три милиони прегледи и многу коментари.

„Подобро би останал дома“, „Мило ми е што не сум таму“, „Овде е навистина клаустрофобично“, се дел од коментарите.

Но, ваквите сцени се вистинска реалност во Александрија. Фотографите со години ги снимаат гужвите на оваа плажа, а се чини дека секоја година е се полошо.

Во текот на летните месеци речиси е невозможно да се види како всушност изгледаат плажата и морето поради бројот на луѓе кои престојуваат таму во текот на денот. Но, во една прилика фотографите фотографираа како изгледа плажата кога таму речиси и нема никој.


Слично

Поврзани вести