Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео од мало момче го обиколи светот: Било заглавено 44 часа, му дале вода од капаче - Очи полни со солзи, но не се предаде

Видео од мало момче го обиколи светот: Било заглавено 44 часа, му дале вода од капаче - Очи полни со солзи, но не се предаде

По разорниот земјотрес што се случи на границата на Турција и Сирија, во кој според последните проценки загинаа повеќе од 9.400 луѓе, од овие две земји доаѓаат болни и шокантни сцени од спасување на преживеани.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Како што објавивме претходно, мрежите беа преплавени со болни сцени на луѓе погодени од катастрофата, вклучително и Сириец кој загуби 12 членови од своето семејство и чии солзи ги допреа сите.

Божјо чудо среде тага и катастрофа: Жена се породи во урнатините во Сирија, хероите безбедно го извлекоа бебето (ВИДЕО)

На мрежите се шират многу сцени на успешни спасувања, па објавено е и видео од малото момче (2) по име Мухамет, кое поминало 44 часа под урнатините.


На видеото можете да видите како спасувачите му даваат вода на исцрпеното момче од капаше од шише за време на спасувањето.

Како што се наведува во објавата на Твитер, станува збор за момче од Сирија кое во тој момент било во Турција.


Повеќе од 9.400 луѓе загинаа во земјотресот и стотиците последователни потреси што ги погодија Турција и Сирија.

Експертите предупредија дека напорите за спасување се отежнуваат поради екстремно студеното време во Турција и Сирија, додека некои не можат да пристапат до сите области на катастрофата - што ги зголемува стравувањата за многумина заробени под урнатините.


Фото и Видео: Твитер

(ВИДЕО) Во Алепо девојче во прегратка го држи својот брат меѓу урнатините додека чекаат некој да ги спаси

Слично

Поврзани вести