Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО ОД КОЕ СЕ КРЕВА КОСАТА: Во Њу Делхи мртви тела се палат на паркинг за коли

ВИДЕО ОД КОЕ СЕ КРЕВА КОСАТА: Во Њу Делхи мртви тела се палат на паркинг за коли

Коронавирусот коси во Индија. Состојбата е толку страшна што телата на починатите се кремираат дури и на паркинг за коли.

„Пред пандемијата кремиравме осум до десет луѓе дневно. Сега кремираме од 100 до 120“, вели одговорно лице за кремирање на мртви тело во источниот дел на Њу делхи за тамшните медиуми.

Се кремираат толку многу тела што дури тоа веќе се врши кремирање и на паркинг за коли каде десетици работници градат нови платформи за кремирање, пренесува Си-Ен-Ен.


Во последните 24 часа во Индија се забележани речиси 400 илјади заразени, што е најголем дневен пораст во една земја од почетокот на епидемијата.

Кремирањето се смета за важен дел од хиндуистичките погребални обреди поради верувањето дека телото мора да биде уништени за душата да се реинкарнира.

Слично

Поврзани вести