ВИДЕО ОД КОЕ ЌЕ ВЕ ЗАМРЗНЕ КРВТА: Мечка напаѓа планинар, за среќа успева да се одбрани
Видео од планинар кој се искачува по карпест предел се шири на интернет, а истото е објавено на почетокот на месецов и има скоро 4 милиони прегледи.
Во видеото е фатен моментот кога планинарот се соочи со заштитнички настроената мечка, која го напаѓа без причина и повод.
Планинарот се соочил лице в лице со црната мечка додека се спуштал по јапонската планина Футаго, висорамнина која исто така е вулкан. Затоа, планинарењето по него носи голем ризик, а средбата со ова застрашувачкото животно била дополнително стресна за спортистот кој благодарение на својата присебност си го спаси животот.
На видеото е фатен моментот кога вообичаено ноќното животно, јапонската црна мечка се спушта по камењата директно кон него, и можеме да го видиме моментот како планинарот се обидува да се одбрани со замавнување кон застрашувачкото суштество удирајќи го по носот. Мечката дошла на неколку сантиметри од лицето на планинарот во она што можеме да претпоставиме дека е најстрашниот момент во неговиот живот.

Мечката потоа побегна брзо, запрепастена од ударот, пред да се заврти и повторно да го заобиколи планинарот. Блгагодарение на брзото размислување алпинистот потоа го примени своето знаење за боречки вештини и карате потези против својот страшен непријател.
На видеото, кое се чини дека е направено од камера на кацига, се гледа како мажот замавнува со рацете и нозете кон мечката додека таа бесно рика ѝ ја удира вилицата. По околу 30 секунди борба за живот, мечката побегнала со младенчето кое се појавило од грмушките бидејќи ја следело мајка си.
На крајот, тоа беше објаснувањето за агресијата што мечката ја покажа кон човекот.
Видеото во продолжение, предупредување за вознемирувачка содржина.
