Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО ОД ЕВАКУАЦИЈАТА НА ЦИВИЛИТЕ ОД ХЕРСОН: Толпа народ бега од градот

ВИДЕО ОД ЕВАКУАЦИЈАТА НА ЦИВИЛИТЕ ОД ХЕРСОН: Толпа народ бега од градот

Се појавија првите снимки од евакуацијата на луѓето од Херсон!

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од масовната евакуација на цивили од Херсон, украински град под руска окупација. Да потсетиме, проруските лидери на Херсон најавија дека планираат да евакуираат 50-60 илјади цивили во следните шест дена поради украинската контраофанзива која „може да се случи наскоро“. Покрај тоа, влезот на цивили во регионот Херсон беше забранет за една недела.

„Сфати ги сериозно моите зборови“


Претходно, прорускиот лидер на Херсон, Кирил Стремоусов изјави дека „битката за Херсон ќе започне во блиска иднина“. „Ве молам, сфатете ги сериозно моите зборови и разберете дека тие значат најбрза можна евакуација“, рече тој во доцната ноќна објава на Телеграм. Тој повторно зборуваше утринава велејќи дека „ситуацијата не е променета“. Одбраната е подготвена да го одбие секој напад на украинските нацистички платеници“, рече Стремоусов.

„Не ја исклучуваме можноста за гранатирање на десниот брег и затоа бараме цивилите да се движат на левата страна за да се избегнат жртви“, додаде тој.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести