(ВИДЕО) Од час во час расте бројот на жртви, жестоки битки има во Северодоњецк
Во украинскиот град Северодоњецк во тек се жестоки битки меѓу руските и украинските сили. Од час во час расте бројот на жртви, а 90 отсто од зградите се уништени.
Градоначалникот на Северен Доњецк, Олександр Стрјук, денеска потврди дека руските сили влегле во градот во источна Украина. Стрјук за АП изјави дека снабдувањето со електрична енергија, како и комуникациите, се прекинати и дека градот е „целосно уништен“. Украинските сили, исто така, ги потиснаа Русите од селото Тошкивка на југ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиско обраќање рече дека освојувањето на Северодоњецк е „клучната цел на окупаторите“ и рече дека Украина прави сѐ што може за да го запре напредувањето.
Руските сили се фокусирани на освојување на последниот голем град што сѐ уште е под украинска контрола во источниот регион Луганск. Војната трае повеќе од 3 месеци.
foto EPA
