ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО НА НАПАЃАЧОТ ВО НОТИНГЕМ: Избодел три лица, а потоа седнал зад волан и почнал да гази минувачи
Британската полиција соопшти дека три лица биле пронајдени мртви рано утринава во Нотингем, а еден маж е уапсен.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа наводното апсење на маж осомничен за убиство.
Сепак, полицијата се уште се обидува да утврди што точно се случило.
Засега се претпоставува дека се работи за два поврзани инциденти во кои маж уби три лица, а потоа со комбе прегази случајни минувачи.
Еден сведок изјави за Скај њуз дека видел маж како напаѓа други луѓе со нож.
Shots fired at van 1 suspect detained. #Nottingham pic.twitter.com/INsBwXQ495
— Shillitz (@shillitz) June 13, 2023
Една жена рече дека утрово видела комбе како удира две лица на улица во центарот на градот.
- Околу пет и пол, видов комбе застана до мене. Беше во бела боја. Зад него полека доаѓаше полициско возило. Човекот на возачкото седиште се погледнал во ретровизорот и видел полициско возило зад него. Потоа удри луѓе на аголот од улицата - изјави Лин Хаџит за Канал 4.
Полицијата претходно соопшти дека е уапсен маж (31) поради сомнение дека е поврзан со „поголем инцидент“ што се случил утрово околу 4 часот.
Се огласи и британскиот премиер Риши Сунак кој рече дека е запознаен со информациите за шокантниот инцидент во Нотингем и дека постојано е информиран за настанот. Сунак им оддаде почит на жртвите.
- Сакам да им се заблагодарам на полицијата и итната помош за нивната реакција. Добивам информации за развојот на настаните. На полицијата мора да и се даде време да си ја заврши работата - изјави Сунак.
Фото: Принтскрин/Твитер