Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОЧИ В ОЧИ СО УБИЕЦОТ: Ова е досега невиден снимен масакар во Тунис!

(ВИДЕО) ОЧИ В ОЧИ СО УБИЕЦОТ: Ова е досега невиден снимен масакар во Тунис!

Масакрот кој се случи во Тунис го потресе целиот свет, а снимките на овој напад уште ја шокираат широката јавност. Меѓутоа , се појави можеби најбруталната снимка снимка досега, на која е забележан нападот во кој настрадаа повеќе 39 луѓе.

На снимката која е објавена на интернет може да се слушнат крици, експлозија, пукања и врисоци. Покрај тоа, е прикажана и потрагата на работниците на хотелот и жителите на ова место по терористот како би го спречиле да продолжи со својот крвав чин.

Авторот на снимката во еден момнт доаѓа во блиска средба со напаѓачот и зема флаша со која планира да го удри. Напаѓачот во тој момент го менува правецот и бега, а човекот со камерата трча по него и заедно со останатите жители ја следи полицијата и напаѓачот.

Инаку, сведоците на злосторството рекле дека убиецот Сејфедин Резгуи бил „многу, многу мирен“, кога отворил оган на туристите, бидејќи претходно се бањал во море. Тие додале дека Резгуи се смеел и ги игнорирал апелите да престане да пука , а тој престанал дури кога го убила полицијата. На неговото тело е пронајдена бомба.

Таткото на Резгуи Хаким, рекол наводно дека е шокиран поради она што се случило и дека не знаел кој „му вметнал такви идеи во главата на неговиот син“ и „му ја поматил паметта“.

Да потсетиме, властите во Тунис, уапсиле група луѓе осомничени дека соработувале со напаѓачот кој на плажата во хотелот во одмаралиштето Сус уби 39 лица.

Во моментов се проверува дали напаѓачот поминал обука во Либија или џихадистичките логори.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gW1CShFy0NI[/embed]
Слично

Поврзани вести