Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОЧАЈНО ФАЌАЊЕ ЗА СЛАМКА: Советникот на Хилари бара ФБИ да објави се за Трамп и Русија

(ВИДЕО) ОЧАЈНО ФАЌАЊЕ ЗА СЛАМКА: Советникот на Хилари бара ФБИ да објави се за Трамп и Русија

Роби Мук шеф на предизборната кампања на демократскиот кандидат за претседателски избори Хилари Клинтон, го повика ФБИ да обелодени што знае за било какви врски помеѓу републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и Русија.

Тој го обвинил ФБИ дека неправедно објавил истрага за мејловите од приватниот сервер на демократската кандидатка, додека, истовремено, не се огласил кога е во прашање републиканскиот кандидат, пренесе Ројтерс.


Доколку сте во работа за објава на инфирмации во врска со истраги за претседателските кандидати, објавете се што имате за Доналд Трамп. Објавете информации за неговите врски со Русите“, рекол Мук за Си-Ен-Ен.

Претседателот на САД Барак Обама изјавил вчера дека верува оти директорот на ФБИ Џејмс Коми е човек од интегритет кој не се обидува да влијае на американските претседателски избори со најава на истрага за дополнителни мејлови од приватен сервер на демократската кандидатка Хилари Клинтон.


Од друга страна, водачот на демократското мнозинство во американскиот сенат Хари Рид го обвини ФБИ дека има двојни стандарди, бидејќи го насочил вниманието на истрагата за мејлови на претседателските кандидати во САД Хилари Клинтон, и покрај тоа што има „експлозивни информации“ кои го доведуваат во врска нејзиниот ривал Доналд Трамп со Владата на Русија.

ФБИ веќе се огласи за тоа и соопшти дека Трамп нема никакви врски со владата во Москва.

Демократите инаку, и поретходно укажуваа на поврзаност помеѓу Трамп и Путин. Во претходната дебата, демократската кандидатка Хилари Клинтон директно го обвини нејзиниот ривал дека е Путинова кукла, што Трамп го отфрли како неточно.


ФБИ пред неколку дена соопшти дека истражува новопронајдени мејлови од приватниот сервер на Клинтон од времето кога била шефица на дипломатијата на САД, кои би можеле да содржат доверливи информации.

Обелоденувањето на тие информации значи можност за повторно отворање на истрага за демократскиот претседателски кандидат само неколку дена пред изборите.

Слично

Поврзани вести