Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОБЈАВИЈА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Украинците уништиле уште еден мост во Курск

(ВИДЕО) ОБЈАВИЈА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Украинците уништиле уште еден мост во Курск

Украинците уништиле уште еден мост во Курск. 

Украинската армија уништи уште еден мост на реката Сејм во Курск. Нападот  е снимен со украински беспилотни летала.

Снимката од дронот на Хорне покажува дека мостот е погоден трипати по ред. Првите две боеви глави расфрлаа муниција што експлодираше на мостот, а третиот удар предизвика голема експлозија, пишува Киев Пост. Хорне е тактичка единица за беспилотни летала која вообичаено работи со 116-та механизирана бригада, борбена формација која моментално се бори во регионот Курск.

Овој мост се наоѓа во близина на селото Кариж во областа Курск и повеќе не може да се користи за возила по нападот. Украинските војници на 6 август упаднаа во Курск и овој регион го држат под окупација. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 


Слично

Поврзани вести