Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Објавено е видео на кое наводно Руси не сакаат да одат во војна

(ВИДЕО) Објавено е видео на кое наводно Руси не сакаат да одат во војна

Се шири видео на кое двајца Руси наводно одбиваат да војуваат во Украина, по што се приведени. Активистите за човекови права веруваат дека видеото е снимено и објавено како предупредување за другите.

„Guardian“, повикувајќи се на независниот руски медиум „Медуза“ кој го споделил видеото објавено на каналот „Воен правобранител“ на „Telegram“, пренесува дека инцидентот се случил во регионот Белгород во Русија. 

„Командантот ги известува војниците дека на 16-ти ноември против нив е започната казнена постапка поради непочитување на наредби (дел 2.1 од член 322). Овој член предвидува казна затвор од две до три години. Потоа се приведени“, се наведува во објавата.

Русија веќе мобилизираше скоро 300.000 луѓе. Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов закон со кој на руските доброволци кои учествуваат во инвазијата ќе им се додели статус на воени ветерани.  Руските власти денеска објавија дека не планираат втор круг мобилизација.

Британското Министерство за одбрана објави дека руските сили воспоставуваат одбранбени позиции со слабо обучени мобилизирани резервисти околу Сватова во областа Луганск. Сватова во моментов е ранлив блок на руските сили.


Слично

Поврзани вести