Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Објавена уште една снимка од местото каде падна рускиот авион

(ВИДЕО) Објавена уште една снимка од местото каде падна рускиот авион

Рускиот Истражен комитет објави видеоснимка од местото на несреќата, каде авионот се урна во близина на Москва. 

Видеото го прикажува снежниот пејзаж по кој се расфрлани делови од паднатиот авион. Може да се видат и камионите на спасувачките тимови што работат на локацијата.

Сите 65 патници и екипажот загинаа при уривањето на авионот на „Саратов Ерлајнс“ на московскиот аеродром. Надлежните ја пронашле црната кутија и ги испитуваат причините за несреќата. Претседателот Владимир Путин ја одложи посетата на Сочи и ја презакажа средбата со палестинскиот лидер за во Москва. 

Путин им изрази сочуство на семејствата на загинатите и нареди формирање комисија која ќе ја води истрагата за несреќата.


Слично

Поврзани вести