Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Објавена е снимка од повиците за помош при пожарот во Швајцарија каде загинаа млади луѓе

(ВИДЕО) Објавена е снимка од повиците за помош при пожарот во Швајцарија каде загинаа млади луѓе

Француската телевизиja BFMTV објави снимки од повиците до швајцарските служби за итни случаи за време на смртоносниот пожар во барот во Кран-Монтана, кога 40, претежно млади луѓе, загинаа на новогодишната ноќ.

За час и половина, централата за итни случаи на бројот 144 примила вкупно 171 повик. Првите повици биле снимени околу 1 часот по полноќ, а гласовите на повикувачите звучеле панично.

„Ве молам дојдете, итна ситуација е во барот“, се слуша во првиот повик додека вресоци одекнуваат во позадина.

„Ве молам, Ле Констелејшн во Кран-Монтана! Госпоѓо, гори, има повредени луѓе. Мора да испратите помош, има премногу повредени!“, гласи повикот. 

Повиците продолжуваа да пристигнуваат до 3 часот наутро. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести