Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Обама: САД го уништија оружјето на екстремистите во Ирак

(ВИДЕО) Обама: САД го уништија оружјето на екстремистите во Ирак
Дводневните напади на американската авијација во Ирак резултираа со уништување на опремата и оружјето на терористичката организација Исламска држава, објави американскиот претседател Барак Обама. Во обраќањето пред Белата куќа, непосредно пред да замине на годишен одмор, Обама изјави дека во нападите било уништено оружјето кое екстремистите можеле да го употребат во борбите за Ербил, главниот град на курдскиот регион во Ирак. Притоа, американскиот претседател нагласи дека продолжиле напорите за доставување хуманитарна помош, пред се храна и вода, на прогонетите припадници на верските малцинства во Ирак, заглавени на планината Синај. Во тек е планирање на операција за евакуација на овие луѓе кои сега се наоѓаат под опсада на екстремистите, но е потребно повеќе време за да се разработи сигурен коридор за нивно спасување, рече Обама. Американската војска денеска објави видео снимки од доставувањето на хуманитарна помош, кое е проследено со воздушни напади на позициите на екстремистите во околината за да им се даде можност на припадниците на верските малцинства да стигнат до помошта. http://www.youtube.com/watch?v=P5t_YgTtMqM Временска рамка колку ќе трае операцијата на САД во Ирак нема, а тоа во голема мера ќе зависи и од политичките напори на Ирак. Језидите и христијаните во Ирак се соочуваат со истребување
Слично

Поврзани вести