Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Обама му објави војна на калифатот во Ирак и Сирија

(ВИДЕО) Обама му објави војна на калифатот во Ирак и Сирија
Нема да дозволам формирање на калифат во Ирак и Сирија, изјави американскиот претседател Барак Обама. По негова наредба, американските воени авиони утрово изведоа втор напад врз таканаречената Исламска држава во Ирак и нејзините радикални сили. http://www.youtube.com/watch?v=wgunE4MBDaE#t=18 Целта на нападите засега е да им помогнат на ирачката Влада и на властите во курдскиот регион да ги вратат териториите што ги загубија од екстремистите. Обама најави дека е подготвен да разгледа и поширока употреба на американските воени авиони, иако вклучување на американска копнена војска во нова интервенција во Ирак е исклучено. Во изјава за Њујорк тајм, Обама нагласува дека ирачките челници мора да најдат начин да соработуваат за да се изборат со заканата од екстремистите. „Нема да им дозволиме да создадат некаков калифат на територијата на Сирија и Ирак. Но, тоа можеме да го направиме само ако знаеме дека на терен имаме партнери кои можат да ја пополнат празнината“, рече Обама. Потпретседателот на САД Џо Бајден вчера телефонски разговарал со ирачкиот претседател Фуад Масум и побарал од Багдад итно да формира нова влада, која ќе го одразува националното единство.
Слично

Поврзани вести