Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) НУКЛЕАРНИ ТОРПЕДА: Откриено е тајното оружје на Путин

(Видео) НУКЛЕАРНИ ТОРПЕДА: Откриено е тајното оружје на Путин

Руски меидуми по грешка објавиле снимки од таен систем на торпеда со нуклеарни боеви глави кои Русија моментално ги развива.

Руските телевизии НТВ и Првиот канал во вторникот објавиле снимки на кои може да се види руско воено лице како ги разгледува документите со нацрти и опис на новиот систем на торпеда со нуклеарни боеви глави.  Новото оружје кое што го развиваат русите има кодно име „Статус-6“.

Оваа информација која веднаш се прошири низ руските медиуми ја потврди официјален Кремљ.

„Навистина, некои тајни податоци беа снимени со камера, затоа снимките беа повлечени од веб страниците. Се надеваме дека нема да се повтори такво нешто“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kfvJn7IAh2Y[/embed]
Слично

Поврзани вести