(ВИДЕО) ЊУЈОРК Е НАША СЛЕДНА МЕТА: ИСИС со нова порака и се заканува на Америка!
Исламска држава објави видео снимка во која се наведува дека Њујорк е потенцијална мета на напади, а градските претставници и полиција истакнуваат дека засега за тоа не постојат „специфични и веродостојни закани“.
Градоначалникот на Бил де Блазио, кој синоќа со шефот на полицијата Вилијам Братон одржа заедничка конференција за новинари на Тајмс сквер, рекол дека „жителите на Њујорк нема да бидат заплашени“.
-Јасно ни е дека целта на терористите е да го заплашат и пореметат нашето демократско друштво. Нема да им се потчиниме на нивните желби-рекол Де Блазио, пренесоа агенциите.
Братон порачал граѓаните да не се плашат и њујоршката полиција да ги заштити.
-Нема да бидеме заплашени и нема да живееме во страв-истакнал Братон.
Исламска држава новото видео , кое трае шест минути, го објави само неколку дена после напдите во Париз во кои се убиени 129 лица.
На видео снимката е прикажан бомбаш самоубиец како се спрема за напад, а во некои кадри се појавуваат најатрактивните делови на Њујорк и Тајмс сквер.
Погледнете го видеото:
