(ВИДЕО) НОЗЕ ЌЕ ВИ СЕ ТРЕСАТ ОД СТРАВ: Стаклениот мост во Кина урна уште еден рекорд
Мостот од стакло висок 120 метри на работ на една провалија на југозападна Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди како мост без поддршка бидејќи е поврзан само со кабли, пренесоа кинеските медиуми.
Мостот долг речиси 70 метри во општината Чонгчин може да прими најмногу 30 луѓе , а свечено е отворен на 1 април.
Кинезите ги привлекуваат туристите со стаклени мостови. Во таа земја лани за јавноста бил отворен најдолгиот стаклен мост кој бил инспирација за американски научно-фантастичен филм „Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон,
Мостот со должина од 430 метри се наоѓа 300 метри над земјата и е сместен помеѓу два парка во кинеската провинција Хунан.
Локацијата на мостот била инспирација за „лебдечка планина“ која се појавува во Аватар од 2010 година.
