Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ново возило ќе добие Азербејџанецот кој со стар автомобил однесе помош во Турција

(ВИДЕО) Ново возило ќе добие Азербејџанецот кој со стар автомобил однесе помош во Турција

Жителот на Азербејџан кој со стар автомобил однесе помош во Турција, ќе добие ново возило. 

Серверот Беширли, кој го наполни својот стар автомобил со својот брат Имамверди Беширли и тргна од својата трошна куќа oд Баку кон Турција за да им помогне на жителите погодени од земјотресите, ќе добие нов автомобил.  Сервер сакал да им помогне на оние кои останале без домови, а денес добил своевидна награда. Турскиот бизнисмен Сабахудин Цивелек му подари нов автомобил, а тој му го предаде на својот татко Расим затоа што Сервер уште е во Адијаман. Момчето со автомобилот носеше јоргани, облека и ќебиња за да им помогне на луѓето на улиците. 

Пред 11 дена имаше силен земјотрес во Турција и Сирија, при што загинаа над 43.000 луѓе. 

Видеото можете да го видите тука.

Слично

Поврзани вести