Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВО СТРАДАЊЕ ВО ТУРЦИЈА: Земјотрес урна триесетина згради, има една жртва и повредени

(ВИДЕО) НОВО СТРАДАЊЕ ВО ТУРЦИЈА: Земјотрес урна триесетина згради, има една жртва и повредени

Нов земјотрес ја стресе денеска Турција, при што има една жртва, а 69 луѓе се повредени. Триесетина згради се урнаа. 

Земјотресот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала и ја погоди источната турска област Малатија. Земјотресот го почувствувале и во соседните области Кахраманмараш, Газиантеп, Адијаман и Шанлиурфа.


Над 44.000 луѓе загинаа во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала на почетокот на месецов. Оттогаш Турција постојано ја тресат земјотреси. На турско тло имаше илјадници потреси. И во Сирија има неколку илјади загинати. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извини на граѓаните затоа што доцни помошта во погодените подрачја. 


Слично

Поврзани вести