(ВИДЕО) Новите американски војници стигнаа во Ирак
Првите американски војници кои треба да им помогнат на ирачките власти во борбата против екстремистите од радикалната Исламска држава на Ирак и Левант веќе пристигнаа во Багдад.
Како што објави Пенгтагон, половина од предвидените 300 американски специјалци коик ги вети американскиот претседател Барак Обама, веќе се на првите линии на фронтот во Ирак, а останатите ќе стигнат во следните неколку дена.
Администрацијата на Обама нагласува дека американските војници нема да се вклучуваат во воени дејствија, туку само ќе ги советуваат ирачките безбедносни сили и ќе им помагаат со разузнавачки податоци.
Според податоците на Обединетите нации, во обновените судири во Ирак досега загинале најмалку 1.075 лица. Екстремистите од ИСИЛ постојано напредуваат и освоија голема територија, во која и вториот ирачки град по големина - Мосул.
http://www.youtube.com/watch?v=DLOjWEs4Ie0
Слично
