Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВИОТ МУТАНТ НАПРАВИ ХАОС НА АЕРОДРОМОТ ВО АМСТЕРДАМ: Сите патници кои се вратија од Јужна Африка се задржани во авионите

(ВИДЕО) НОВИОТ МУТАНТ НАПРАВИ ХАОС НА АЕРОДРОМОТ ВО АМСТЕРДАМ: Сите патници кои се вратија од Јужна Африка се задржани во авионите

Патниците со два лета на авио-компанијата KLM кои утринава слетаа на аеродромот Шипхол во Амстердам од Јужна Африка, се задржани во авионот.

Тие се тестираат за ковид поради новата, според научниците најзастражувачка варијанта на корона вирусот, која веќе е детектирана во јужниот дел на Африка.

Во моментов не им е дозволено да го напуштат авионот, јавуваат медиумите. Портпаролот рече дека секој ќе направи ПЦР тест на аеродромот, а тестовите ќе бидат анализирани што е можно поскоро. Се очекува сите да бидат тестирани до 16:30 часот, а резултатите ќе бидат познати вечерва околу 20:30 часот.

Во меѓувреме патниците се одвоени од останатите на аеродромот Шипхол. Како што соопштија од управата на аеродромот Шипол, од пладневните часови овој аеродром повеќе нема да пушта патници од Јужна Африка за Холандија. Еден од авионите слета во Амстердам околу 10:30 часот од Кејп Таун. Вториот слета половина час подоцна од Јоханесбург. Засега не е познато колку патници има во авионите.

Привремениот министер за здравство Хуго де Јонге во утринава објави дека Холандија ќе ги забрани летовите од Јужна Африка од петок напладне, а на листата на земји со висок ризик се додадени Боцвана, Есватини, Лесото, Намибија, Зимбабве и Јужна Африка. Де Јонге, исто така додава, дека сите патници од овие земји ќе бидат тестирани на аеродромот, а освен тоа мора да бидат ставени во карантин.


Слично

Поврзани вести