Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нови воздушни напади во Газа, двајца загинати

(ВИДЕО) Нови воздушни напади во Газа, двајца загинати

Две лица на мотоцикл загинале денеска рано утрово во Газа за време на израелскиот воздушен напад, изјавиле болнички извори.

Израелската војска не го коментираше нападот и не е јасно дали жртвите се припадници на некоја милитантна група. Како што е соопштено, во нападот се повредени и пет лица.

Исто така, израелските авиони ја срамниле со земја  седумкатната бизнис зграда и го оштетиле двокатниот трговски центар во појасот Газа. Во овој напад се повредени околку 30 лица, но нема загинати, соопштиле палестински претставници.

Нападот во најјужниот град Рафа следеа неколку часа откако Израел ја гаѓал стамбената зграда во Газа со 44 стана.

Израел покрена офанзива во Газа на 8 јули, со цел престанување на ракетниот оган од Хамас кон Израел.

Палестинските претставници велат дека во досегашните израелски напади загинале 2085 луѓе, повеќето цивили во појасот Газа.

Во судирите загинале 64 израелски војници и четири цивили.

Слично

Поврзани вести