Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нови снимки од ракетата на Северна Кореја сеат страв, за Трамп разговорите не се решение за ситуацијата

(ВИДЕО) Нови снимки од ракетата на Северна Кореја сеат страв, за Трамп разговорите не се решение за ситуацијата

САД разговараат со Северна Кореја и им плаќаат дваесет и пет години изнудување. Разговорите не се одговорот, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп, цитиран од светските агенции.

Владата на Трамп, како и тaа на неговиот претходник Барак Обама, го користи постојано пристапот со "морков и стап" во однос на севернокорејскиот режим со надеж да го натера да се откаже од својата нуклеарна и ракетна програма, забележува Франс прес.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон даде јасно до знаење дека е подготвен на преговори со Северна Кореја, под услов тие да се за нејзиното нуклеарно разоружување.

„Тие се подготвени да ги ограничат провокативните дејствија и е можно да видиме овој пат некој вид дијалог во блиска иднина“, изјавил Тилерсон пред една недела.

Вчера сепак Северна Кореја истрела балистичка ракета со среден дострел, која прелета над северниот јапонски остров Хокаидо.


Слично

Поврзани вести