Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВИ ПРОБЛЕМИ: Дел од Франција сака да и се придружи на Каталонија?

(ВИДЕО) НОВИ ПРОБЛЕМИ: Дел од Франција сака да и се придружи на Каталонија?

Во Франција делот кој е познат како Северна Каталонија сака да се одвои од земјата и да се спои со Каталонија која се бори за независност од Шпанија. 

Во недела 2000 жители на градот Перпињан излегоа на протест и порачаа дека тие се Северни Каталонци. 

По војната меѓу Шпанија и Франција која почнала во 1635 година овој дел припаднал на Франција. 

Франција со договор ја анектирала Северна Каталонија. 

Според пописот од 2011 година, овој регион има 462.705  жители, а каталонскиот јазик е признат како официјален иако повеќето зборуваат француски јазик. 

Освен овој регион, претходно солидарност со Каталонија покажа и Баскија. 


Слично

Поврзани вести